За нас
CT Computers MK е основана кон крајот на 2007 година и е една од најмладите членки на групацијата ComTrade која се занимава со дистрибуција на ИТ опрема и потрошувачка електроника.
Искуството стекнато како дел од најголемата регионaлна ИТ компанија како и трудољубивоста на малиот тим на вработени да се достигне успехот кој другите колеги го достигнале на своите домашни пазари нудејќи квалитетна услуга, донесе продажба која се мери во милиони евра. Уште повеќе, за само шест месеци работа на македонскиот ИТ пазар, компанијата CT Computers MK успеа да се смести на второто место меѓу ИТ дистрибутери од цела Македонија.
Добрите резултати секогаш носат признанија, а за нас најзначајни се постојаниот раст на склучени договори за соработка со светски познати производители како Canon, Toshiba, Acer, HP, Inter, AMD, Apacer, Cisco и многу други. Она што е планирано да следи во иднина е понатамошно ширење на дистрибутивната мрежа, изработка на бизнис портал со цел да обезбеди он-лајн работење и побрз раст, нови договори за дистрибуција и услуга, зголемување на бројот на вработени како и развивање на нови сектори. Секако, примарната цел е да се биде број еден на локалниот пазар.





